ДИК ја продолжи расправата по последниот приговор

Седница на ДИК

Државната изборна комисија ја продолжи расправата по пауза од речиси три часа за последниот приговор на СДСМ за избирачко место во општина Теарце во шестата изборна единица. Расправата започна со проверка на избирачкиот материјал со цел да се утврди каде исчезнал записникот број 15. На сослушување во ДИК дојдени се и членовите на општинскиот изборен одбор.

Според приговорот на СДСМ на почетокот на гласањето во таа изборна единица недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето тоа ливче е најдено во кутијата. ДИК претходно ги отфрли сите останати седум приговори на СДСМ, а овој е последен за кој членовите на комисијата ќе расправаат.