ДИК на пауза, се чекаат изборниот материјал и одборот

Архивска фотографија - Јавна седница на Државната изборна комисија (ДИК)

Државната изборна комисија ја почна расправата за последниот приговор на СДСМ за избирачко место во општина Теарце во шестата изборна единица. Според приговорот на почетокот на гласањето во таа изборна единица недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето тоа ливче е најдено во кутијата. Со шест гласа за и три против беше прифатен предлогот на претседателот на Државната изборна комисијаАлександар Чичаковскида се повикаат сите членови на општинскиот изборен одбор за да бидат дополнително сослушани. Со ист број на гласови беше прифатен предлогот и да се донесе целиот избирачкиот материјал и да се утврди каде исчезнал записникот број 15. Додека се донесе избирачкиот материјал и пристигнат членовите на одборот, ДИК ќе прави пауза.