ДИК утре ќе расправа за последниот приговор на СДСМ

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски

ДИК по последниот приговор на СДСМ ќе расправа утре на седницата закажана за 11 часот. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека се одложува седницата со цел да се изготват сите донесени одлуки за да можат истите да бидат доставени.

ДИК на денешната седница усвои еден приговор на БЕСА за гласањето во шестата изборна единица во гласачко место во Гостивар. Со 6 гласа за и 3 против, членовите на комисијата донесоа одлука да се поништи гласањето во изборното место, а доколку има разлика да има прегласување на истото.