ДИК напладне ја продолжува расправата по приговорите

Јавна седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваат приговорите за изборите кои се одржаа на 11 декември.

Државната изборна комисија денеска напладне, како што е најавено, треба да ја продолжи јавната расправа за приговорите поднесени од политичките партии за изборите одржани на 11 декември. Седницата беше прекината во три ипол часот по полноќ. Во вечерните часови пред седиштето на ДИК се собраа поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ кои порачаа дека нема да дозволат да им биде украдена победата на изборите. Додека членовите на ДИК расправаа за приговорите поднесени од страна на СДСМ, партиски челници на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните луѓе порачуваа дека тие се победници на изборите и дека ДИК тоа треба да го соопшти.