Техеран му честиташе на Дамаск за освојувањето на Алепо

Иранскиот претседател Хасан Рохани, Техеран, 06.12.2016.

Иранскиот претседател Хасан Рохани телефонски му честитал на неговиот сириски колега Башар ал Асад за преземањето на Алепо од бунтовниците, е наведено на веб страницата на иранскиот претседател. „Победата во Алепо е голема за сирискиот народ против терористите и оние што ги поддржуваат“, изјавил Рохани на што Асад му рекол дека поддршката на Иран никогаш нема да биде заборавена од сирискиот народ. Рохани, како што се наведува, побарал од Асад да дозволи хуманитарна помош за цивилите во Алепо.