Над илјада и сто мигранти спасени на Средоземно Море

мигранти на Средоземно Море

Хуманитарните организации и италијанската крајбрежна стража извлекле над илјада и сто мигранти кои со гумени и дрвени чамци се обидувале да го минат Средоземно Море. Не се соопштени детали од кои земји биле мигрантите. Меѓународната организација за миграции соопшти дека само во текот на оваа година на Средоземно море се удавиле над 4 илјади и 715 мигранти. Најчесто тие доаѓале од Либија.