Измените на претседателски систем на Турција поднесени во Парламентот

Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турската владеачка Партија на правдата и развојот денеска во Парламентот го поднесе предлгот за уставна реформа, што има за цел воведување претседателски систем на владеење, информираа претставници на партијата. Предлогот за уставна реформа треба да добие одобрение од најмалку 330 пратенициод вкупно 550 за потоа да може да биде ставен на референдум.

Владеачката АКП и Партијата на националистичката акција, која го поддржува предлогот, вкупно имаат 355 пратенички гласа во Парламентот. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека претседателскиот систем ќе стави крај на период на владини коалиции и ќе и даде на Турција силна извршна власт.