Хан: ЕУ не е целосна без Западен Балкан

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан изјави дека народите и земјите од Западен Балкан делат иста култура, идентитет и историја со земјите и народите во Унијата. Тој во интервју за „Независне новине“ посочи и дека без Западен Балкан, ЕУ како унија за мир, безбедност и просперитет и на вредности како што се демократија, еднаквост и човекови права, никогаш нема да биде целосна.

Според него, ЕУ и Западен Балкан споделуваат исти цели и за економски просперитет, а имаат и заеднички предизвици, како што се тероризам, борба против организиран криминал, миграција и други теми.