Кери: Трамп нема да го смени ангажманот на САД во НАТО

Американскиот државен секретар Џон Kери, Брисел, 06.12.2016.

Американскиот државен секретар Џон Kери изјави дека ангажманот на САД во НАТО ќе остане непроменет и по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. „Новата администрација нема да го смени ангажманот на САД во поглед на исполнувањето на обврските спрема НАТО“, рече Кери по состанокот со шефовите на дипломатиите на Алијансата во Брисел. Тој исто така се заложи за опстанок на нуклеарната програма со Иран и на Парискиот договор за климатски промени.