Обама: „лажни ветувања“ во борбата против тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека САД нема да бидат во можност да го „избришат“ тероризмот преку зголемување на воената моќ како што тоа го тврди неговиот наследник Доналд Трамп. Во неговиот говор за контратероризмот Обама оцени дека и покрај тоа што неговата администрација ја обезглави терористичката мрежа Ал Каеда и ги натера на дефанзива милитантите на Исламската држава, тероризмот ќе остане закана за Соединетите држави и во наредните години. Според него, битката против терористите најверојатно нема да заврши со јасно дефинирана победа.