Парламентарните избори во Албанија закажани за 18 јуни

Локални избори во Албанија на 21 јуни 2015

Албанскиот претседател ги закажа за 18 јуни 2017 година парламентарните избори во државата. Претседателот Бујар Нишани денеска со указ ги закажа изборите за новиот парламент каде има места за 140 пратеници со четиригодишен мандат. Изборите во Албанија никогаш не биле оквалификувани од меѓународната заедница како целосно слободни или фер, наведуваат американски медиуми. Државата се надева да добие „зелено светло“ од ЕУ за почнување преговори за членство.