Дали британскиот парламент мора да го потврди Брекзит?

Британската премиерка Тереза Меј

Врховниот суд на Велика Британија го почна сослушувањето за да одлучи дека парламентот треба да и даде согласност на владата за да го започне процесот на преговори за напуштање на ЕУ. Владата на премиерката Тереза Меј побара од Врховниот суд да го поништи законот според кој владата мора да добие согласност од Парламентот пред да започне со процедурата за Брекзит. Расправата ќе трае четири дена.

Минатиот месец, високиот суд одлучи дека владата нема ингеренции да го активира членот 50 од Лисабонската спогодба за официјално да го почне процесот за излегување од Унијата. Владата во жалбата тврди дека британските граѓани веќе се изјасниле за тоа прашање на референдум и затоа нема потреба пратениците повторно да гласаат за истото.

Пресудата се очекува во јануари.

Премиерката Меј рече дека гласањето во Парламентот нема да ги наруши нејзините планови за активирање на членот 50 до крајот на март наредната година. На референдумот, 52 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ, а 48 отсто за останување во Унијата.