Туск ја поздрави победата на дер Белен во Австрија

Александер ван дер Белен, Виена, 04.12.2016.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја поздрави победата на Александер ван дер Белен на претседателските избори во Австрија и оцени дека тоа ќе придонесе за зачувување на единството во Европа. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц пак оцени дека оваа победа е „тежок пораз на национализмот и антиевропскиот популизам“. Поранешниот претседател на Зелените дер Белен победи со 53,3 насто освоени гласови пред потпретседателот на австрискиот парламент и лидер на десничарската Слободарска партија Норберт Хофер за кој гласаа 46,7 насто.