Централен предизборен митинг на СДСМ во Скопје

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на еден од митинзите за предвремените избори на 11.12.2016.

Илјадници луѓе се собраа на централниот митинг на СДСМ во Скопје во поддршка на кандидатите за пратеници на коалицијата на оваа партија на предвремените избори на 11 декември. Лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите ги оцени како „избор меѓу пропаст и живот“. Владејачката ВМРО ДПМНЕ и нејзината коалиција митинг имаа во Струмица каде што лидерот Никола Груевски изрази увереност во изборната победа. Свои собири и митинзи имаа и другите партии кои учествуваат на изборите. Скоро милион и 800 илјади луѓе се регистрирани да гласаат и да изберат 123 пратеници од шест партии и пет коалиции.