Заврши гласањето на претседателските избори во Узбекистан

Во Ташкент гласа в.д. претседателот, 59-годишниот Шавкат Мирзијаев.

Заврши гласањето на претседателските избори во Узбекистан, три месеци по смртта на автократскиот лидер Ислам Каримов кој владееше со оваа централноазиска држава повеќе од четврт век. Гласачките места беа затворени во 20 часот по локално време, односно во 16 часот по македонско време. Се очекува да победи в.д. претседателот, 59-годишниот Шавкат Мирзијаев, кој беше премиер на земјата од 2003 година. Мирзијаев стана в.д. претседател шест дена по објавувањето на смртта на Каримов, заобиколувајќи ја уставната процедура, според која, претседателот на Горниот дом на Парламентот треба да ја преземе претседателската функција до изборот на нов претседател. Мирзијаев рече дека има намера во голема мера да го следи политичкиот курс на Каримов. На изборите има уште тројца кандидати – Хатамџон Кетманов од Народната демократска партија, Сарвар Отамуратов од Националната преродба и Нариман Умаров од Социјалдемократската партија Правда. Сите тројца ја поддржуваат владата.