Кастро погребан во Куба

Луѓе гледаат во ковчегот со пепелта на поранешниот претседател Фидел Кастро на гробишта во Сантијаго де Куба, Куба, 4 декември, 2016 година.

Пепелта на водачот на кубанската револуција Фидел Кастро денеска беше погребана во Куба на крајот на деветдневната жалост. Приватната церемонија беше одржана на гробиштата Санта Ифигентија во градот Сантијаго, објавија државните медиуми. Кремираните останки на Кастро беа погребани само неколку метри од мавзолејот на херојот на независноста Хозе Марти. Кастро почина на 25 ноември на 90-годишна возраст. Тој не беше на власт веќе цела деценија, но остана вклучен во јавниот живот, повремено пишувајќи колумни за светски и за локални прашања и примајќи странски претставници во неговиот дом во едно предградие на Хавана. Неговиот наследник и брат Раул Кастро вчера го предводеше големиот последен собир во чест на Фидел Кастро на Плоштадот на Револуцијата во Сантијаго, ветувајќи им на насобраните дека ќе се придржуваат до социјалистичките идеали.