Во сообраќајка во Русија загинаа членови на детскиот акробатски тим

Регионот Ханти-Мансијск во Русија.

Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и деветмина членови на детскиот акробатски тим, загинаа во сообраќајна несреќа во источен Сибир, соопштија властите. Официјални претставници од регионот Ханти-Мансијск денеска соопштија дека автобус со 29 деца и тројца возрасни се судрил со камион. Децата се враќале дома во градот Нефтејуганск од натпреварување во друг град. Сè уште не е јасно дали временските услови придонеле до несреќата. Температурата во областа е околу -17 степени.