Путин верува оти Трамп е умен човек

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „е умен човек“, кој наскоро ќе се реализира на ниво на одговорност кое произлегува од неговата нова позиција. Во интервју за каналот НТВ објавено денеска, Путин вели дека бизнис успесите на Трамп покажуваат дека тој е „паметен човек“. „И ако е умен човек, тогаш тој целосно и многу брзо ќе го разбере другото ниво на одговорност“, рече Путин, додавајќи: „Претпоставуваме дека тој ќе настапува од овие позиции“. Минатиот месец, по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин по победата на Трамп на претседателските избори, Кремљ соопшти дека двајцата се согласиле за потребата за „нормализирање“ на односите меѓу САД и Русија. Путин на 1 декември ја повтори подготвеноста на Москва да работи за администрацијата на Трамп, откако новоизбраниот американски претседател ќе ја преземе функцијата наредниот месец. Трамп, пак, изјави дека се надева на „силен е траен однос со Русија“.