Втор круг од претседателските избори во Австрија

Постери со кандидатите за претседател на Австрија.

Во Австрија денеска се одржува вториот круг од повторените претседателски избори. Право на глас имаат 6,4 милиони гласачи кои одлучуваат меѓу кандидатот на десничарската Партија на слободата Норберт Хофер и кандидатот поддржан од Зелената партија Александар ван дер Белен. Првите резултати ќе бидат соопштени по 17 часот. Гласањето се одвива според строги правила, на пример забрането е децата да ги придружуваат родителите на гласачкото место , а забрането е и фотографирање и снимање во тек на гласањето. Изборите во Австрија се одвиваат под голем меѓународен мониторинг, бидејќи победата на десничарскиот кандидат , како што претпоставуваат експертите, би можело да поттикне јакнење на десницата и во други европски земји.Врховниот суд на 1 јули нареди изборите да се повторат поради нерегуларности со гласачките ливчиња.