Црна Гора повторно воведува служење војска

Црногорска Армија, мај 2016.

Доброволното служење воен рок ќе биде повторно воведено во Црна Гора во 2019 година, соопшти црногорското Министерство за одбрана.

Министерството нагласи дека главна причина за враќање на таа граѓанска обврска е заинтерсираноста на младите за служење на воениот рок.

Оваа новина ќе биде воведена 13 години откако Војската на Црна Гора ја укина обврската за служење воен рок.

Истражувањето на Атлантскиот сојуз на Црна Гора покажа дека повеќе од половина од младите испитаници би служеле воен рок.

Обуката ќе трае три месеци, а за целото време на служење на воениот рок ќе биде предвиден и паричен надомест. По служење на воениот рок заинтересираните ќе имаат можност и да станат професионални војници.