Турските власти евакуираа екипаж на руски брод

Архивска фотографија - Истанбул, Турција, октомври 2016.

Турската крајбрежна стража го евакуирала екипажот на рускиот товарен брод „Волгодон-203“, кој вчера се насука во близина на Истанбул, изјавија претставници на рускиот Конзулат во градот, јави ТАСС. Бродот се насукал поради неповолните временски прилики, проследени со силен ветер во Босфорот.

Агенцијата Анадолија јавува дека ова е втор ваков инцидент, кој вчера се случил во Истанбул, бидејќи во текот на денот уште еден брод се насукал поради ветерот и неговиот екипаж исто така е евакуиран.

Рускиот брод се насукал во близина на истанбулскиот дистрикт Картал, на азиската страна на градот и на брегот на Мраморното Море.