Временска прогноза - ведро и студено

Центарот на Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи од два до девет степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Дневната температура ќе достигне до шест степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена облачност, а во јужните делови повремено значително облачно.