Екс морнарички генерал, секретар за одбрана на САД

пензионираниот генерал на американските маринци, Џејмс Матис

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп го посочи пензионираниот генерал на американските маринци, Џејмс Матис за секретар за одбрана. 66 годишниот Матис е познат по воените победи во Авганистан и Ирак од 2001 до 2004 година. Тој командуваше со американските сили при преземањето на контролата врз ирачкиот град Фалуџа во една од најкрвавите битки во таа земја. Матис се пензионира во 2013 година, а беше еден од најголемите критичари на пртетседателот Барак Обама за неговата политика во тој регион.