Украина тестира ракети, Русија се заканува

Ракетен систем на полустровот Крим 2016.

Украина ги започна дводневните ракетни тестови на Црно море, а Русија предупреди дека ќе стрела врз секоја ракета и ја стави противвоздушната одбрана на готовс во анектираниот полустров Крим. Украинската војска соопшти дека тестовите се одвивале најмалку 30 километри од Кримскиот воздушен простор и оти биле според меѓународните правила. Полустровот Крим беше анектиран во март 2014 година, потег кој не е признат од скоро сите членки на Обединетите нации.