Џамии во САД добиле пошта со говор на омраза

Џамии во Калифорнија, Охајо и неколку други американски држави добиле пошта со говор на омраза во која се предупредуваат муслиманите да ја напуштат земјата или ќе се соочат со геноцид. Полицијата соопшти дека добиената пошта во сите држави е фотокопија на рачно напишано писмо адресирано до „децата на Сатаната“.

Советот за американско-исламски односи, главната граѓанска американска група, побара од ФБИ да го истражи случајот, но ФБИ соопшти дека заканите иако се потпалувачки и ужасни не преставуваат специфична закана за да бидат истражувани.

Полицијата во САД добива зголемен број пријави за говор на омраза и расно вознемирување во последниве недели. Критичарите на Трамп некои од нив ги препишуваат на потпалувачката реторика која тој ја користел за време на изборната кампања.