Норвежанецот Карлсен останува светски шаховски првак

Магнус Карлсен и Сергеј Карјакијан, Њујорк, ноември 2016.

Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата првак на светот во шах, победувајќи го рускиот шахист Сергеј Карјакијан. Карлсен ја доби финалната рунда во мечот што во изминативе три недели се играше во Њујорк. Нивниот дуел предизвика големо внимание во светот, а околу 6 милиони луѓе ги следеа нивните партии. Победникот добива 600 илјади евра, додека поразениот 400 илјади евра. Карлсен кој вчера го прослави својот 26 роденден стана велемајстор, највисоката титула во шахот, на 13 години. Тој ја држи титулата светски шаховски првак од 2013 година.