Нова руско- украинска провокација

Архивска фотографија, ракетен систем во воениот музеј на Украина, 8 март 2008

Руската воздушна одбрана е ставена во состојба на борбена готовност откако во близина на Крим се спроведуваат последните подготовки за украински ракетни тестови, јавува руската државна новинска агенција ТАСС. Москва протестирала против тестовите закажани за 1 и 2 декември во близина на Крим.

Рускиот министер за надворешни работи ги оцени украинските ракетни тестови како „нова провокација од големи размери “ чија цел е ескалација на конфликтот меѓу Русија и Украина. Станува збор за тестови на ракетните системи воздух – воздух.

Украинското министерство за одбрана тврди дека тестовите ќе бидат спроведени во согласност со меѓународните регулативи во воздушниот простор над отворено море во територијата на Украина.