Расте бројот на Русите кои сакаат добри односи со Запад

Истражувањето на јавното мислење во Русија објавено вчера и спроведено од Центарот Левада покажа дека 71 насто од Русите сакаат пошироки и поблиски економски, политички и културни врски со Западот. Во претходното истражување во јули минатата година нивниот број изнесувал 50 насто. Само 17 проценти ја поддржуваат редукцијата на врските со Запад, што е намалување од 37 насто во јули лани. 52 процента изјавија дека НАТО членките немаат причина да се плашат од Русија. Испитувањето било спроведено од 18 до 21 овој месец и во него учествувале 1600 Руси.