ОПЕК ќе решава за производството на нафта

На денешниот министерски состанок на ОПЕК во Виена треба да биде решено дали 14 членки на оваа организација ќе го намалат производството на нафта што би довело до зголемување на цените на овој енергенс. Цените на нафтата во светот паднаа за 4 насто пред денешниот состанок, а многумина експерти сметаат дека е нејасно каков ќе биде исходот од средбата во Виена.