ИД ја презеде одговорноста за нападот во Охајо

Охајо, полицијата по нападот во студенсткиот камп 28.11.2016.

Новинската агенција Амак која е поврзана со милитантите на Исламската држава соопшти дека нападот со автомобил, а потоа и со нож во кој беа ранети 11 лица во американскиот универзитетски камп во Охајо бил изведен од „војник на ИД“. Нема независна потврда на овие наводи. Полицијата во Колумбо, Охајо каде што се случи нападот соопшти дека ја испитуваат можноста од терористички напад. Сведоците изјавија дека напаѓачот, идентификуван како Абдул Разак Али Артан 18 годишен студент роден во Сомалија, го насочил возилото кон пешаците по што излегол од колата и почнал да ги напаѓа со нож.