Украина тврди дека Русија има војници во земјата

Украинскиот министер за одбрана Ихор Долхов

Украинскиот министер за одбрана Ихор Долхов изјави денеска дека Русија има меѓу 5000 до 7500 регуларни војници на територијата на неговата земја, а во бројката не се вклучени силите кои се распоредени во Крим. Според него, Русија има 23 илјади војници во Крим, а секоја година земјата распоредува дополнителни 55 илјади војници на границата со Украина. Москва негира дека е има воено присуство во Украина, освен во Крим кој е под руска анексија од 2014 година.