Илјадници луѓе и натаму го напуштаат Алепо

Алепо, 28.11.2016.

Илјадници цивили бегаат од опколениот град Алепо откако сириските владини сили ги освоиле сите квартови на северот од градот кои досега беа под контрола на бунтовниците. Победата во овој дел на Алепо вчера беше соопштена на сириската државна телевизија. Со тоа, таканаречените бунтовнички квартови се поделени на два дела. Сириските владини сили се обидуваат да го освојат источниот дел на градот што ќе биде најголема стратегиска победа на режимот и најверојатно ќе значи пораз на сириските бунтовници во Алепо. Сириските сили во оваа офанзива се поддржани од воздушни напади од сирсики и руски авиони.