Времето денеска: облачно со слаби врнежи од снег

Во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Врнежи ќе има и во пониските делови од земјава, каде што се очекува да се формира помала снежна покривка, која на планините ќе се зголеми. Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од минус два до три степени. Во Скопје ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Утринска температура до минус еден, а дневната ќе достигне до еден степен.