Турција ќе ја укине вонредната состојба пред уставниот референдум

Турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Вонредната состојба во Турција би можела да биде укината во текот на 2017 година, пред одржувањето на референдумот за новиот устав на земјата, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, пренесуваат турските медиуми.

Јилдирим ги деманира информациите дека турските власти ќе ја укинат вонредната состојба на почетокот на 2017 година.

„Според мое мислење, вонредната состојба ќе биде укината пред да се одржи референдумот, со цел да се оневозможат обвинувањата дека гласањето е спроведено во услови на вонредна состојба“, нагласи Јилдирим.

Во Турција во тек е расправа за тоа дали властите можат да организираат избори или референдум, додека во сила е вонредната состојба.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата најави дека вонредната состојба, чија важност истекува во јануари, би можела да биде продолжена за уште три месеци, што би значело најмалку до април 2017 година.

Вонредната состојба во Турција беше во воведена по неуспешниот обид за воен преврат во јули годинава.