Во Казахстан повеќе лица осудени за тероризам

Градот Актобе во Казахстан.

Судот во северозападниот казахстански град Актобе осуди 29 лица во судски процес од висок профил за индиции исламски тероризам и нивни поддржувачи. Седум од од нив денеска беа прогласени за виновни за теторизам, убоиство, организирање и учество во терористички групи и нелегално поседување на оружје и беа осудени на доживотни казни затвор.

Други двајца обвинети беа осудени на 22 и на 25 години затвор за истите обвиненија.

Единаесет обвинети беа осудени за неупешност да пријават планирани тероистички акти и беа осудени на затворски казни во траење од две до пет години.

Двајца други обвинети беа осудени на четири години затвор за засолнување на криминалци.

Во јуни годинава, 25 овинети за исламски тероризам извршија напади во кои загинаа пет цивили и тројца припадници на безбедносните сили на казахстан во Актобе.