Турција уапси 11 припадници на ИД

Турски граѓани гледаат судири меѓу турските безбедносни сили и групата на ИД. 4.09.2016.

Турската полиција уапси 11 лица во операција во Истанбул, за кои се претпоставува дека се членови на џихадистичката група Исламска држава. Турските медиуми јавуваат дека полициски екипи за борба против тероризмот извршиле претрес во повеќе домови во квартот Фатих. Полицијата соопшти дека единаесетмината осомничени џихадисти се странски државјани. При претресот биле одземени документи на џихадистичката група.