Штабот на Клинтон ќе учествува во изборното пребројување

Демократскиот претседателски кандидат на САД Хилари Клинтон

Штабот на Хилари Клинтон соопшти дека ќе учествува во пребројувањето на изборните гласови во државата Висконсин во САД. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој победи на изборите на 8 ноември, изјави дека пребројување на гласовите е "измама". Пребројувањето го побара кандидатот на Партијата на зелените Џил Штајн, кој наведе "статистички аномалии" во Висконсин при пребројувањето на гласовите. Штајн исто така, бара пребројувањето на гласачките ливчиња во државите Мичиген и Пенсилванија. Трамп изјави дека пребројувањето е измама од страна на Зелената партија и додаде дека резултатите од изборите треба да се почитуваат.. Марк Елијас, бранителот на кампањата на Клинтон, изјави дека тие не нашле никакви знаци на хакирање на системот на гласање, но ќе учествуваат во пребројување на гласовите ", со цел да се обезбеди напредокот на процесот на начин кој е фер за сите страни.