Грција: императив е условите во бегалските кампови да станат подобри

Архивска фотографија-Илјадници бегалци и мигранти во тешки услови кампуваат во Идомени во Грција

По смртта на жената и детето во кампот во Мориа, грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас за медиумите, изјави дека тоа е несреќа што може да се случи било каде, но потенциарше дека „императив е условите во камповите да станат подобри“ .Тој упати молба до жителите на островот да запрат да слушаат популистички решенија и да поддржат создавање подобри услови за живот на бегалците.

Тој исто така изрази загриженост во врска со можноста договорот меѓу ЕУ и Турција да пропадне и рече дека Владата води три битки на дипломатско ниво: за трансфер на бегалците од островите на копно, промени во Договорот од Даблин и барање за основање единствен европски механизам за враќање на мигрантите во земјата на потекло.