Заев од Јакимовски барал 250.000 евра?

Стевче Јакимовски,претседател на ГРОМ

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека од него барал 250.000 евра.

– Ми даде ливче или не? Кога ќе го покажам ливчето сите графолози на светот нема да те спасат – рече Јакимовски, по синоќешниот митинг на СДСМ во Карпош.

Јакимовски и Заев во изминатиот период си упатија низа обвинувања за криминал и предавство.