УНИЦЕФ: половина милион деца живеат под опсада во Сирија

Извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк

Поради постојаното борбите низ Сирија, бројот на деца кои живеат под опсада двојно се зголеми за помалку од една година и изнесува речиси 500.000, објави агенцијата за деца ОН. УНИЦЕФ истакнува дека деца под 16 години низ целата земја се речиси целосно отсечени од постојана хуманитарна помош и основни услуги.Во источниот дел на Алепо кој е контролиран од бунтовниците се проценува дека 100.000 деца живеат под опсада. "За милиони луѓе во Сирија, животот стана бескраен кошмар - особено за стотици илјади деца кои живеат под опсада", наведе извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк. УНИЦЕФ исткнува дека има убиени и повредени децата, и оти се плашат да одат на училиште, преживувајќи со малку храна или било каков лек. Граѓанската војна во Сирија влегува во шеста години, а агенцијата на ОН ги повика сите партии да ги укинат опсадите и да се овозможи хуманитарна пристап до сите области низ целата земја.