Реакции во САД за смртта на Кастро

Архивска фотогарфија-Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро и поранешниот американски претседател Џими Картер

Во САД има различни реакции за смртта на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, во неговата изјава наведе дека Кастро е "брутален диктатор" и дека се надева оти неговата смрт ќе доведе до "слобода" на кубанскиот народ.

Во меѓувреме, претседателот на САД Барак Обама во соопштение изрази сочувство до семејството на Кастро и додаде дека историјата ќе пресуди за влијание на Кастро на Куба, како и во целиот свет.

Обама ја посети Куба оваа година, што претставува прва посета на претседател на САД во последниве 88 години. Кастро не се сретна со Обама и напиша остра колумна, осудувајќи ги неговите " зборови премачкани со мед " и потсетувајќи ги Кубанците за бројните напори на САД да ја соборат и да ја ослабнат комунистичката власт на Куба.