Три бомбашки напади во Авганистан

Архивска фотграфија- Авганистански полицајци во провинцијата Нангархар

Авганистанските власти соопштија дека во три бомбашки напади во источен Авганистан што се случиле денеска загинале најмалку пет луѓе. Портпаролот на провинцијата Нангархар рече дека нападите се случиле на три различни места во Џалалабад, главниот град на провинцијата.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите во Џалалабад кој стана цел на смртоносни напади од борците на Исламска држава. Првиот инцидент, според властите, се случил откако екслодирала бомба поставена на патот пред куќата на локален шеф на затвор, при што загинале тој и неговото дете, а шест други се повредени. Втората бомба ја погодила пожарната при што загинале три лица а повредени се 21.

Третата бомба експлодирала откако луѓе се собрале пред куќата на шефот на затворот по првата бомба, но нема информации за последици. Милитантите на ИД ги интензивираа своите напади во Авганистан, откако авганистанските сили поддржани од воздушни напади на САД преземаат напади против нив во источниот дел од земјата во близина со порозната граница со Пакистан.