Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Иран

Архивска фотографија- Железничка станица во Иран

Иранските власти соопштија дека бројот на загинати при судирот на возови во северната провинција Семнам се искачил на 31, а многу луѓе се повредени. Гувернерот на провинцијата денеска соопшти дека се пронајдени телата на 31 лице, а 70 луѓе се хоспитализирани.

Несреќата се случи утринава на станицата во градот Шанроуд кога патнички воз удри во друг кој стоел на станицата. Според извештаите поради несреќата бил предизвикан и пожар. Во сообраќајни несреќи во Иран годишно гинат околу 17 000 луѓе.