Ердоган се закани со отворање на границите за мигрантите

Турскиот претсeдaтел Реџеп Таип Ердоган, Истанбул 23.11.2016.

Турскиот претсeдaтел Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата. „Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на ум“, изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул. Тој потенцира дека во моментов Турција се грижи за три до 3 ипол милиони сириски бегалци, додека ЕУ не се ни обидува да ги исполни ветувањата кои ги дала со договорот за запирање на мигрантскиот бран кон Европа. Европарламентот вчера усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција.