Аџии од Иран загинаа во бомбашки напад во Ирак

Бомбашки напад на бензинска станица на 100 км јужно од Багдад, Ирак.

Повеќе од 70 луѓе, повеќето од нив ирански аџии, загинаа во самоубиствен напад на бензинска станица на 100 км јужно од Багдад, соопштија ирачките власти. Според нив, околу 60 од жртвите биле Иранци, а околу 10 Ирачани. Властите во Ирак очекуваат бројот на загинати да се зголемува. Извештаите велат дека бомбаш-самоубиец активирал бомба која била поставена на автомобил пред бензинска станица. Во близина на станицата имало ресторан во кој се наоѓале ирански аџии. Верниците се враќале во Иран по посетата на шиитскиот свет град Карбала.
Екстремистичката група Исламска држава преку онлајн изјава ја презеде одговорноста за нападот.