Ирачките сили повратија три населби во Мосул

Ирак- Деце повредено за време на тековните борби меѓу ирачките сили и милитантите на ИД во Мосул, 24 ноември, 2016 година.

Ирачките сили ја повратија контролата на уште три населби во северниот град Мосул, кои досега беа во рацете на милитантите на Исламската држава, соопшти висок ирачки командант за новинската агенција Асошиетед прес.

Командантот Хајдер Фадил изјави дека неговите војници ги истерале милитантите на ИД од три населби и продолжуваат кон густо населената област Захоур. Ирачката влада започна офанзива за повторно заземање на Мосул на 17 октомври. Во офанзивата учествуваат ирачките владини сили, заедно со сунитските племиња, курдските борци Пешмерга и шиитската милиција, а имаат и поддршка од коалицијата предводена од САД кои вршат воздушни напади. Милитантите на ИД го заробија Мосул, вториот по големина град во Ирак, во летото 2014 година.