Авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Скопје полета за Истанбул

илустрација

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој поради дојава за бомба привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по извршените безбедносни проверки синоќа во 22:56 часот полета за Истанбул. Во авионот требаше да патува и делегација предводена од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата велат дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата. Авионот на Туркиш ерлајнс кој според редот на летање требаше да полета во 20:40 часот беше задржан на пистата на Скопскиот аеродром по дојава за бомба. По безбедносните проверки е утврдено дека не станувало збор за експлозивна направа, туку за мобилен телефон.