Трамп ја именува гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли за амбасадор во ОН

Гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли во Вашингтон на 18 ноември 2016

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја именуваше гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли, која го критикуваше за време на претседателската кампања, за нов американски амбасадор во ОН. Оваа одлука денеска ја објави тимот на Трамп.

Хејли, која е ќерка на индиски имигранти, остро го критикуваше Трамп за време на кампањата поради неговите ставови за имиграцијата. Ако нејзиното именување биде одгобрено од Сенатот, 44-годишната Хејли ќе ја наследи Саманта Пауер која ги претставува САД во ОН од 2013 година.