Времето денеска: сончево и малку облачно

Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и по речните долини ќе има магла. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од девет до 16 степени. Во Скопје сончево со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.