Уапсена украинска наставничка за трговија со деца

Украинските власти соопштија дека уапсиле наставничка која е обвинета дека се обидела да продаде 13 годишно девојче за 10 илјади долари. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека осомничената 52 годишна наставничка е во притвор и дека полицијата успеала на времено да реагира пред да се случи кривичното дело. Тој посочува дека наставничката својот „бизнис план“ го подготвувала една година, и дека заедно со неа е приведен и „потенцијалниот купувач“. Девојчето живеело во сиропиталиште за деца без родители во источниот дел на Украина.